Суперѕвездата на Денвер, Никола Јокиќ не го освои признанието за играч на неделата во Западната конференција од НБА и покрај тоа што имаше спектакуларни натпревари минатите седум дена.
Само во саботата и неделата, на дуелите против Вашингтон и Атланта, Србинот постигна 104 поени, а цела недела ја заврши со неверојатен ефект од 184 поени, 56 скока и 28 асистенции. Веројатно тоа што неговиот тим имаше биланс 2/2 беше клучно Јокиќ да не ја добие наградата.
NBA Players of the Week for Week 7.
— NBA (@NBA) December 9, 2024
West: Luka Dončić (@dallasmavs)
East: Tyler Herro (@MiamiHEAT) pic.twitter.com/mcc6oqNMBo
Место кај него, таа заврши кај Лука Дончиќ кој, исто така, имаше одлична недела зад себе. На четири натпревари, на кои Далас запиша три победи и пораз, Словенецот просечно постигнуваше по 29,3 поени, 11,7 скока и 8,2 асистенции.
Во Источната конференција, признанието за играч на неделата го доби кошаркарот на Мајами, Тајлер Хиро.


