Српската суперѕвезда Никола Јокиќ одигра извонреден турнир на Олимписките игри, а наградата за тоа стигна на крајот.
Иако и на мечот против Порторико беше пред трипл дабл, влезот во историјата си го обезбеди денеска во мечот за бронзениот медал против Германија. На него Јокиќ стана четвртиот играч во историјата на Олимписките игри кој оствари трипл дабл. До такво достигнување дојде на шест минути пред крајот кога веќе имаше 17 поени, 10 скока и 10 асистенции за индекс 33 во тие моменти.
Олимписките игри во Париз се први во историјата на кои двајца кошаркари оствари трипл дабл. Пред Јокиќ, тоа му успеа на Леброн Џејмс во полуфиналето против Србија кога стана прв играч со два трипл дабла на оваа манифестација.
Во постоењето на Олимписките игри, такво нешто направиле само уште двајца кошаркари: Сергеј Белов во 1976 и Лука Дончиќ во 2021 година.


