Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Јончевски имаше триумфално деби во шампионатот на Полска.
Вечерва неговиот нов тим Шљонск од Вроцлав гостуваше кај Чарни Шљупск и победи со 72-63, во деветтото коло од првенството. Со исклучок на неколку минути во првата и втората четвртина, Шљонск постојано беше во водство. Во третиот период тоа изнесуваше 13 разлика, а домашниот тим во ниеден момент не беше закана за тимот на Јончевски.
Со триумфот Шљонск го помина на табелата својот вечерашен ривал, а во следното коло му гостува на Старгард. Во меѓувреме екиппата од Вроцлав има и натпревар од Лигата на шампионите на ФИБА што значи дека Јончевски ќе има и интернационален предизвик.


