У18 екипата на Вардар е нов шампион на Македонија во својата категорија откако во денешното финале убедливо го совлада МЗТ Скопје со 64-47.
Одлучи првата четвртина која „црвено-црните“ ја одиграа фуриозно, не му дозволија на противникот да постигне поен и по 10 минути игра резултатот беше 21-0. МЗТ во натамошниот дел од натпреварот беше рамноправен ривал, но не успеа да ја анулира високата негатива од воведниот период.
Убедливо најдобра кошаркарка на натпреварот беше сениорската репрезентативка Ања Начевска која натпреварот го заврши со 16 поени и 20 скока за индекс 26. Таа имаше дабл дабл и во полуфиналниот меч против Крива Паланка во кој постигна 16 поени и 17 скока.
Бронзениот медал го освои Бадел кој во „малото“ финале беше подобар од Крива Паланка со 80-61.


