Неколку часа по исклучително значајната победа против Швајцарија, македонската младинска репрезентација доби студен туш на Европското првенсгво Б-дивизија.
На нашите кошаркари им беше потребна победа на Австрија против Холандија за да дојдат во ситуација утре сами да решаваат за пласман во четвртфиналето, но се случи спротивното. Холанѓаните направија мало изненадување, совладувајќи го досега непоразениот ривал со 79-69, па сега македонската репрезентација мора да тргне во калкулации како да стигне до второто место на табелата.
Во моментов три репрезентации имаат биланс 2/2, а сигурно ќе им се приклучи уште една бидејќи во моментов играат Грузија и Данска кои се со 1/2.
Утре Македонија игра со Данска која ако денеска загуби ќе биде елиминирана, но во секој случај ќе мора да се надеваме на победа на Грузија против Холандија за да го освоиме второто место во групата. Проблемот е во тоа што дуелот меѓу Грузија и Холандија е последен во утрешната програма и ќе се знае точно што ѝ треба на која селекција.


