Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски одигра уште еден добар натпревар во НЦАА, одбележан со една спектакуларна тројка од голема далечина пред истекот на првото полувреме.
Токму таа ги возбуди телевизиските коментатори на мечот кои во еуфорија почнаа да викаат: Скопје, Македонија, Крива Паланка…
Јакимовски е еден од милениците на новинарите во САД кои ја следат НЦАА поради својата скромност и подготвеност секогаш да соработува со нив. Ова не е првпат да добие комплименти, а со него да биде спомната и неговата татковина Македонија.


