Српскиот кошаркар Немања Бјелица бил нападнат од поранешниот фудбалер Никола Петковиќ во игротека во Белград.
Уште не се познати причините за инцидентот, но очевидци за српските медиуми изјавиле дека напаѓачот нервозен и агресивен. За среќа, се се завршило само на вербални закани, а од снимката може да се забележи дека Бјелица е прилично мирен додека трае дуелот.
„Бјелица седеше на стол во детска игротека кога му пријде осомничениот, му се внесе в лице и почна да го навредува и да му се заканува нему, на сопругата и на децата. Меѓу останатото, му рече дека ќе го ‘иссели во Пригревица’, а потоа отиде до шанкот, зеде ножици и му се закануваше дека ‘ќе го избоде’“, изјавил очевидец за српските медиуми.
Нападот бил пријавен, а полицијата го уапсила Петковиќ и одреден му е притвор од 48 часа. Бјелица во моментов е играч на Фенербахче, но турскиот клуб не смета на него. Интересно е тоа што двајцата инволвирани во инцидентот се поранешни членови на Црвена Звезда.


