Денешниот триумф на Сплит против Партизан е историски од повеќе аспекти бидејќи вакви резултати во последните три децении не беа ретки, туку воопшто ги немаше.
Последната победа на Сплит против Партизан датира од 6 февруари 1997 година, во рамките на тогашниот Куп на европски шампиони, но на неутрален терен, во Солун со 82-71. Тогаш Сплит го носеше името Кроација Осигурање. Кога станува збор за дуелите во Белград, треба да се оди неколку години поназад.

Тој е остварен на 28 април 1991 година, во третиот и последен натпревар од финалната серија на плејофот во последната сезона од југословенското првенство. Хрватскиот гигант тогаш се викаше Поп 84 и таа сезона го комплетираше хет-трикот во Купот на европските шампиони.
Во тимот на Поп 84 тогаш беше легендата на македонската кошарка Петар Наумоски, а за Партизан играше сегашниот тренер Жељко Обрадовиќ. По таа сезона, Наумоски се врати во Работнички, а Обрадовиќ ја заврши играчката и ја почна тренерската кариера.


