Панатинаикос денеска доживеа сензационален пораз во домашното првенство откако загуби пред своите навивачи од Арис со 70-73, но интересна беше изјавата по мечот на газдата на клубот Димитрис Јанакопулос.
Човекот кој е познат по тоа што константно удира по судиите поради наводните грешки на штета на ПАО, сега тотално ја смени плочата. Сега му пречеше тоа што тие носеле одлуки во корист на неговиот тим.
„Му честитам на Арис, победи играјќи кошарка, ја сакаше победата од првата минута и ја заслужи. Би сакал да се вратиме во времето кога Панатинаикос и Олимпијакос губеа на некои гостувањата затоа што противниците играле подобро, па дури да загубат и дома. Не само ние, туку целиот спорт би бил подобар така и луѓе ќе почнат повеќе да вложуваат. Се додека победуваме благодарение на разни судии, нема да ги именувам, ќе го имаме ова. Не е можно судиите да сакаат Панатинаиокс да победи, бевме лоши и треба да загубиме“, рече Јанакопулос во вклучување во живо на Инстаграм.
Интересно, ова беше прв пораз на Панатинаикос во домашното првенство сезонава, по 16 победи во низа.


