Машката кадетска репрезентација ќе има тешка задача во групната фаза од Европското првенство Б-дивизија што ќе се одржи во Скопје од 8 до 17 август.
Кадетите ќе бидат во групата Д, заедно со Естонија, Шведска, Украина и Австрија, а пласман во нокаут фазата обезбедуваат само најдобрите две селекции. Естонија, Шведска и Украина имаат голем прогрес во кошарката, а предност за нашата репрезентација ќе биде домашниот терен.

Македонската У16 репрезентација од 2018 година до лани играше во А-дивизијата, но на последното Европско првенство го освои последното место и се врати во понизок ранг. Како и тогаш, селектор на репрезентацијата ќе биде Александар Јованчев.


