Женската јуниорска репрезентација ќе биде еднствена од младинските македонски селекции што претстојното лето ќе игра на европските првенства.
Репрезентацијата ќе настапи на шампионатот од Б-дивизијата што ќе се одржи во Плоешти од 2 до 11 август. Во својата група, Македонија ќе има два балкански ривали – Грција и Бугарија, плус Ирска и Норвешка.

Минатата година, У18 репрезентацијата на Македонија не се прослави на Европското првенство Б-дивизија што се одржа во Софија и во конкуренција на 18 репрезентација, го освои 16. место со само една победа.


