Од 15 до 17 февруари во Битола ќе се одржи Купот на Македонија „Благоја Георгиевски Буштур“, а Кошаркарската федерација денеска го објави распоредот на натпревари.
На 15 февруари ќе има кошаркарски маратон затоа што на програмата се четири меча. Натпреварите почнуваат точно напладне, со дуелот меѓу МЗТ Скопје и Гостивар, а последен е дуелот на домаќинот Пелистер против Феникс. Во меѓувреме ќе се сретнат Еуро Никел и Чаир, односно Работнички и ТФТ.

Полуфиналните дуели се на 16 февруари во термините од 17 и 19:30 часот, а финалето е ден подоцна, од 18 часот.


