Денешната кошаркарска програма почнува со дуелот во Охрид каде домашниот тим го пречекува вицешампионот Пелистер. Иако битолчани се фаворити, екипата на Охрид нема да се предаде и ќе се обиде да си ги зголеми шансите за опстанок. Натпреварот во салата „Билјанини извори“ почнува во 17 часот.


