По АБА 2 турнирот во Нови Сад, ТФТ го пречекува Кожув во надеж дека ќе ја продолжи серијата победи. Гевгеличани се во сосема различно расположение, претрпеа пет порази по ред и седум во последните осум кола и се на претпоследната позиција на табелата. Натпреварот меѓу ТФТ и Кожув се игра во Кале од 18 часот.


