Дербито во Кавадарци го затвора 16. коло од Првата лига и директно одлучува за тоа кој ќе остане сам на првото место на табелата. Еуро Никел и МЗТ Скопје имаат ист број бодови, но формално на врвот е домаќинот на денешниот меч поради подобрата кош-разлика. Натпреварот во салата „Јасмин“ се игра во 18:30 часот.


