Екипата на Александар Јончевски, Башкими дојде до осмата победа во косовското првенство и речиси сигурно обезбеди пласман во плејофот од ова натпреварување.
Тимот од Призрен славеше на гостувањето кај второпласираниот тим во лигата и актуелен шампион на Косово, Пеја како гостин со 84-78 и му избега три победи на својот градски ривал кој е на седмото место. Пласманот на Башкими ќе беше уште подобар ако пред две кола успееше да ја победи Приштина од која доживеа минимален пораз со кош на десетина секунди пред крајот.
Една од ѕвездите на дуелот со Пеја беше македонскиот репрезентативец Лејсон Зеќири кој за еден скок не оствари дабл дабл. За 32 минути во игра, тој постигна 19 поени и 9 скока, со пет погодени тројки. На шест одиграни натпревари за Башкими, Зеќири просечно постигнуваше по 12,2 поени и 7,2 скока со индекс 11,3.


