Од натпреварот меѓу Сакраменто и Денвер, Никола Јокиќ не е лидер по бројот на трипл дабл натпревари во НБА лигата оваа сезона.
На првото место место е кошаркарот на Сакраменто Кингс, Домантас Сабонис. Во меѓусебниот дуел, Литванецот постигна 17 поени, 17 скока и 10 асистенции за својот 16. трипл-дабл сезонава со што го помина Јокиќ и сега е осамен на лидерската позиција.
Со ова, Сабонис го оствари 48. трипл дабл во кариерата од кои 30 има во дресот на Сакраменто Кингс. Тој игра фантастична сезона и е најдобар во неколку категории, но не доби повик за Ол-стар натпреварот, а и никој не го смета за сериозен кандидат за признанието за МВП на сезоната.


