Екипата на Денвер Нагетс претрпе еден од најубедливите порази оваа сезона откако на гостувањето кај Сакраменто загуби со 106-135.
Гостите беа конкурентни само во првата четвртина во која водеше со 35-32, се понатаму помина во знакот на Кингс. Навивачите на Денвер останаа загрижени поради Никола Јокиќ кој во првото полувреме го напушти теренот и замина во соблекувална. Се претпоставува дека причина за тоа е ударот со лакт во бутниот мускул, но Србинот за кратко време се врати на теренот и го доигра мечот.
Кингс го решија победникот во втората и третата четвртина кои ги добија со 74-51, па финалните 12 минути останаа само формалност. И покрај тоа што играше само 30 минути, Јокиќ беше најдобар стрелец во својата екипа со 23 поени на кои додаде 8 скока и 7 асистенции. Монк го предводеше Сакраменто со 23 поени, а Сабонис оствари трипл дабл со 17 поени, 17 скока и 10 асистенции.
РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Атланта 121-127
Бостон – Вашингтон 133-129
Торонто – Хјустон 107-104
Милвоки – Шарлот 120-84
Сакраменто – Денвер 135-106
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 139-122


