Македонскиот стручњак Никола Василев реди триумфи со својот тим Мажеикиаи во првенството на Литванија.
Мажеикиаи го совлада петтопласираниот Јувентус со 88-86 и ја оствари четвртата победа во последните пет натпревари од шампионатот со тоа што една подоцна му беше избришана затоа што Гарѕаи беше дисквалификуван и неговите резултати поништени. Интересно е тоа што во 2024 година, Василев доживеа само еден пораз и тоа од најтрофејниот клуб во Литванија, Жалгирис.
Последната победа многу веројатно значи сигурен пласман во плејофот бидејќи разликата со деветтопласираниот Шиаулиаи во моментов изнесува три победи. Василев го презеде Мажеикиаи кога се наоѓаше на деветтото место на табелата и тотално го препороди.


