Спортскиот директор на Кошаркарската федерација на Македонија, Марјан Србиновски денеска им го предаде преодниот пехар од Купот на претставниците на освојувачот МЗТ Скопје и го најави она што треба да се случува од четврток до сабота.
Од свое име изрази задоволство што ова натпреварување ќе се игра во Битола која на ова чекаше од 2007 година.
„По 5 години, националниот Куп се сели од Скопје, благодарение на Кошаркарскиот клуб Пелистер. Не се сомневаме во одлична организација на Купот. Се надевам на полни трибини, се надевам дека екипите ќе го дадат максимумот и сето тоа ќе биде празник на кошарката, а најдобриот да го освои пехарот“, изјави Србиновски.


