Селекторот на македонската репрезентација Александар Јончевски го скрати списокот на кошаркари пред стартот на квалификациите за Европското првенство.
Од првичните 24, останаа 14 кои ќе се борат за место во тимот на дуелите против Естонија на 23 и Полска на 26 февруари. Како што беше најавено, Ти Џеј Шортс нема воопшто да се појави на подготовките бидејќи, во недостиг на високи играчи, местото за натурализиран играч му припадна на Итан Хап од Гран Канарија. Во последен момент отпадна и Теодор Симиќ кој неодамна се врати по двомесечната пауза.
Од домашното првенство има десет кошаркари и тоа петмина од МЗТ Скопје меѓу кои и повратникот Дамјан Стојановски, тројца од Пелистер и двајца од Работнички.
СПИСОК НА КОШАРКАРИ
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – Пелистер
Андреј Маслинко – Пелистер
Амар Хот – Пелистер
Стојан Ѓуроски – Работнички
Виктор Ефремовски – Работнички
Ненад Димитријевиќ – Уникс Казан, Русија
Адем Мекиќ – Задар, Хрватска
Лејсон Зеќири – Башкими, Косово
Итан Хап – Гран Канарија – Шпанија
СЕЛЕКТОР: Александар Јончевски


