Вторпат за неполна недела, екипата на Башкими, предводена од селекторот на македонската репрезентација Александар Јончевски, го победи косовскиот шампион Пеја, овојпат во четвртфиналето од националниот Куп.
Башкими славеше со 73-64 и влезе меѓу четирите најдобри во ова натпреварување, па утре од 20 часот ќе се сретне со најтрофејниот косовски клуб Приштина. Иако имаше водство и од 13 разлика во текот на мечот, тимот на Јончевски го реши прашањето на победникот во последните четири минути во кои по 61-61 направи 12-3.
Македонскиот репрезентативец Лејсон Зеќиеи го заврши мечот со 3 поени и 3 скока, а на спротивната страна, неговиот брат Јетмир постигна 8 поени и 7 скока.


