ТФТ не успеа да го повтори успехот од пред две години во Купот на Македонија и загуби од Работнички во четвртфиналето.
Тренерот Боро Смилковски го прифати поразот, но посочи еден важен елемент од кој остана разочаран по денешниот натпревар.
„Мислам дека презентиравме одлична кошарка во првото полувреме, а што не успеавме во вториот. Вината за поразот е кај нас, покажавме некој лош карактер во моменти кога тимската игра требаше да не извади од некој пад кој го имавме, а ние се обидувавме да бидеме херои на теренот и тоа не ни успеа.
Честитки до екипата на Работнички, но морам да истакнам дека особено во последната четвртина, не знам дали беше тенденциозно, имавме катастрофални судиски грешки, особено од третиот арбитар Червенка кој беше и замена за овој натпревар и не беше планиран да учествува. Првпат во кариерата си дозволувам да коментирам судење, но ние премногу се вложуваме во ова, пред се материјално, емотивно и временски за да си дозволиме да дојдеме неподготвени. Повторно ќе кажам дека вината за поразот е кај нас, ама еден од судиите не беше достоен за еден четвртфинален натпревар од Куп“, изјави Смилковски.


