МЗТ Скопје е прв финалист во Купот на Македонија, а тренерот Васко Атанасов утре ќе има можност да се закити и со пехарот од ова натпреварување.
Аеродромци денеска беа подобри од Работнички во дуелот во кој речиси постојано водеа и заслужено стигнаа до мечот за титулата.
„Пред се, сакам да истакнам дека многу ми е жал што ова дерби се играше пред празни трибини. Претходните четири меча на овие две екипи беа атрактивни токму поради гледачите и сметам дека со нив, овој спектакл ќе беше потполн.
Што се однесува до нашата игра, ако се знае дека сме биле во водствпо 35 минути против нашиот најголем ривал, тоа значи дека сме играле добро. Без разлика на тоа, го забораваме овој натпревар и се насочуваме кон утрешното финале“, изјави тренерот на МЗТ Скопје.


