Работнички не успеа да се пласира во финалето од Купот на Македонија откако доживеа пораз од големиот ривал МЗТ Скопје.
Плејмејкерот Бобан Стајиќ жали за пропуштената шанса имајќи предвид дека до последните секунди беше во игра за триумф.
„Натпреварот беше многу напнат и неизвесен до крајот. Противникот водеше речиси постојано, но ние имавме шанса во финишот да дојдеме до победа. За жал, морам да кажам дека во последните минути одигравме многу глупаво и незрело, донесовме неколку лоши одлуки во нападот и тоа не чинеше пораз. Штета што тука останавм без финале, но ни останува првенството, ќе се потрудиме таму да го надополниме пропуштеното.
Ќе одиме чекор по чекор, јасно ни е дека има и други квалитетни екипи во шампионатот кои си имаат свои сметки во натамошниот дел од сезоната“, рече плејмејкерот на Работнички.


