Навивачката група на Пелистер, Чкембари го одржа ветувањето и во првата четвртина од денешниот меч против Еуро Никел не навиваше за својот омилен тим.
Бојкотот на битолските фанови е, всушност, поддршка за Сити Парк Бојс и Фемили Аеродром кои денеска не добија можност да ги бодрат своите екипи на вечното дерби во полуфиналето од Купот.
На делот од трибината каде се сместени Чкембари, во текот на целата прва четвртина беше поставен транспарент „Спортот е за навивачи“ кој на почетокот од вториот период беше тргнат и почна поддршката за Пелистер.


