Екипата на Пелистер има предност од пет поени по 20 минути игра во големото финале од Купот на Македонија.
Битолчани водат со 36-31, пред се благодарение на одличната игра во втората четвртина која ја добија со 27-18. Воведниот период беше исклучително неефикасен, беа постигнати вкупно 22 поена (13-9), но во вториот профункционира шутот за тројка на домашниот тим, пред се Александар Костоски кој три пат погоди од дистанца.
Ветеранот на Пелистер е и најефикасен играч на мечот со 11 поени, еден повеќе од Танасковиќ на спротивната страна.


