Уште долго љубителите на кошарката во Битола ќе го памтат финишот од денешнуот натпревар против МЗТ Скопје во кој нивниот Пелистер испушти голема шанса да дојде до првиот трофеј во историјата.
Кобен за „зелено-белите“ беше Ејаси Ворку кој го постигна кошот за победа на околу две секунди пред крајот на мечот со продор по десната страна.
Пелистер можеше да го спречи сето тоа со лична грешка бидејќи не беше излезен од бонусот и имаше уште еден „мал“ фаул, но играчите на Радуловиќ не го направија тоа и шансата отиде во неврат.


