Триумфот во 32. издание од Купот на Македонија е деветти во кариерата за капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски.
Со тоа, легендарниот кошаркар на клубот од Аеродром и на македонската кошарка го помина својот повозрасен брат Огнен кој освои осум додека професионално се занимаваше со кошарка. Поуспешен од него сега е само Перо Блажевски кој со екипите на Работнички (4), МЗТ Скопје (4), Николферт (1) и Вардар (1) стигна до десет титули во Купот на Македонија.
Дамјан има полни 36 години, но засега не планира да ја заврши својата играчка кариера, па ќе има можност да се израмни, па дури и да го надмине Блажевски.


