Четврти пат по ред, а вкупно десетти откако го носи името „Радивој Кораќ“, Црвема Звезда го освои Купот на Србија.
Во денешното финале, „црвено-белите“ го совладаа својот најголем ривал Партизан со 85-79 во меч кој го одбележаа големи пресврти. Партизан подобро го почна мечот, во втората четвртина водеше со 25-15, но до полувреме Звезда успеа да ја стопи негативата и на пауза да замине со само еден поен негатива (43-44).
Во продолжение Звезда беше таа што го диктиеаше темпото, Партизан спорадично знаеше да направи серија и да го преземе водството, но противникот во неколку наврати имаше и +7. Во последниот период тимот на Јанис Сферопулос направи предност и од девет разлика, Партизан се доближи на -3, но Звезда го имаше фантастичниот Теодосиќ кој ја однесе до трофејот.
Логично, за МВП на финалето беше прогласен Милош Теодосиќ кој во финалето постигна 16 поени, 5 скока и 5 асистенции за индекс 27. И во третата сезона откако е тренер на Партизан, Жељко Обрадовиќ не успеа да го освои трофејот во Купот на Србија.


