Првпат по 2020 година, а вкупно 29. во историјата, Реал Мадрид е освојувач на Купот на Шпанија откако во денешното финале ја победи Барселона со 96-85.
Пресуди подоброто второ полувреме кое му припадна на Реал со 53-40 откако на пауза каталонскиот тим водеше со 45-43. Во последната четвртина актуелниот европски шампион постигна четири тројки во низа и се одлепи прво на +9 (77-68), а потоа и на двоцифрена позитива.
За МВП на турнирот беше прогласен аргентинскиот репрезентативец Факундо Кампацо кој и во 2020 година, во истата арена („Мартин Карпена“ во Малага) го однесе Реал до трофејот и го освои истото признание.


