Жак Вон повеќе не е тренер на Бруклин Нетс откако менаџментот на франшизата денеска одлучи да ја прекине соработката со него.
До ваква одлука дојде поради петте порази на Нетс во последните шест натпревари, а особено поради дебаклот од Бостон минатата недела кога Селтикс победија со 50 поени разлика. Во моментот на разделбата, Бруклин се наоѓа на 11. место во Источната конференција со биланс 21/33 и три победи помалку од десеттопласираната Атланта која ја држи последната позиција која води во разигрувањето.
Вон го презеде Бруклин во ноември 2022 година како наследник на Стив Неш, но се соочи со многу проблеми бидејќи во тој период тимот остана без најголемите ѕвезди во составот. Неговиот наследник, веројатно привремен, би можел да биде познат уште вечерва, а тој своето деби ќе го забележи в четврток навечер кога Бруклин во Торонто.
Вон е трета тренерска жртва оваа сезона во НБА лигата откако претходно откази добија Ејдријан Грифин од Милвоки и Вес Анселд од Вашингтон.


