Оваа недела почнуваат квалификациите за Европското првенство во 2025 година, па ФИБА традиционално го објави рејтингот на репрезентациите и нивните шанси за пласман на континенталниот собир.
Според проценките на ФИБА, Македонија е најслаба репрезентација во својата група затоа што се најде на 28. позиција и со тоа, нашиот национален тим нема место меѓу оние 24 што ќе учествуваат на шампионатот. Од нашата група, Литванија е петта, Полска 12. (но и ко-домаќин на првенството и има загарантиран пласман), а Естонија 22. Зад Македонија се само Бугарија, Португалија, Словачка и Кипар.
Интересно е тоа што оваа проценка е направена со претпоставка во составот на македонската репрезентација да е Ти Џеј Шортс кој е еден од најдобрите плејмејкери во Европа во моментов. Сепак, кошаркарот на Париз не е во комбинација затоа што на репрезентацијата во моментов попотребен ѝ е центар и затоа ќе дебитира Итан Хап од Гран Канарија. Дали тој ќе биде подеднакво квалитетно засилување за македонскиот тим ќе се знае веќе в петок кога Македонија во Скопје ја пречекува Естонија.


