Хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња претходниот период одбил две понуди за продолжување на договорот со Реал Мадрид, тврдат медиумите во Шпанија.
На крајот од оваа сезона тој ќе биде слободен играч, па Реал се обидува да ја продолжи соработката со него, но не оди се според очекувањата и желбите. Проблем прави и Панатинаикос кој сака да го врати миленикот на навивачите и, наводно, е подготвен да му понуди два милиони евра по сезона и тригодишен договор. Реал нема шанси да даде толку и единствената надеж за мадридскиот клуб е ако Хезоња по сопствена желба и од љубов кон Реал одлучи да остане.
Хрватот е на најдобра возраст за спортистите, има 28 години, зад себе и НБА искуство и ова му е можеби последна шанса сето тоа да го наплати.


