По Леброн Џејмс, Кевин Дурант е втора американска мега-ѕвезда која го потврди својот настап на претстојните Олимписки игри во Париз.
По дебаклот на Светското првенство, селекцијата на САД ќе атакува на златото во француската престолнина со што би ја продолжила доминацијата на оваа манифестација.
„Би сакал да го освојам својот четврти златен медал од Олимписките игри. Возбуден сум што повторно ќе бидам со моите браќа, тоа не може да се спореди со ништо, ни со Ол стар викендот, ни со подготовки. Очигледно таму ќе биде Леброн, можеби Ленард, Ирвинг, Кари, Џорџ, од помладите Едвардс и Тејтум…“, најави Дурант.
Тој играше и на Олимписките игри во 2012, 2016 и 2021 година и има три златни медали. Американската репрезентација само три пати во историјата не била олимписки шампион: во 1972, 1988 и 2004 година, а во 1980 не учествуваше во Москва поради „студената војна“ на САД и СССР.


