Патот на естонската репрезентација од Талин до Скопје трае нешто подолго од очекувањата поради проблемите што се јавија во Германија.
Работниците на авиокомпанијата Луфтханса штрајкуваат, па естонската експедиција мораше да преноќи во Франкфурт и во текот на денешниот ден најверојатно ќе пристигне во Македонија. Штрајкот е прекинат, но многу летови беа откажани и се создал хаос во Франкфурт од кој колатерална штета излезе естонската репрезентација.
Денешниот тренинг на Естонците бил планиран за денеска од 13 часот, но тие ќе се појават во Кале од 16 часот.


