Таткото на Дејан Милојевиќ, Милан почина денеска, соопштија српските медиуми, а причините за смртта уште не се познати.
Новата трагедија во семејството на познатиот тренер се случи пет недели по неговата смрт и десет дена откако беше погребан во Белград. Токму на погребот, последен пат Милан Милојевиќ беше виден во јавноста, очигледно скршен од болка поради што избегнуваше да се експонира и постојано беше покрај другиот син Душан.
Дејан Милојевиќ почина на 17 јануари во Солт Лејк Сити, додека ја извршуваше функцијата помошен тренер на Голден Стејт Вориорс.


