Со стартот на квалификациите за Европското првенство, на сцена стапуваат и макмедонските судии.
Најдобриот од нив, официјално прогласен од Кошаркарската федерација за 2023 година, Игор Митровски вечерва ќе биде во Сарагоса каде ќе му суди на актуелниот европски шампион Шпанија. „Фуријата“ ја дочекува Летонија во арената „Принсипе Фелипе“ каде играше и македонската репрезентација пред две години, во квалификациите за Светското првенство.

Митровски е дел од судиската тројка во која се наоѓаат уште Адемир Зураповиќ од БиХ и Бенјамино Мануел Атард од Италија. Натпреварот во Сарагоса почнува во 20 часот.


