Амар Хот и Марин Петков се кошаркарите кои отпаднаа од конечниот список на селекторот Александар Јончевски пред вечерашниот меч против Естонија.
Од вкупно 14 играчи кои тренираа последните денови, Јончевски мораше да „елиминира“ двајца, а изборот падна на поранешниот младински репрезентативци кои со М20 селекцијата стигнаа до сребрениот медал на Европското првенство минатата година.
И покрај тоа, Хот и Петков остануваат со репрезентацијата и не е исклучено да настапат на дуелот против Полска в понеделник.


