Финансиските средства што се собрани од продажбата на билетите ќе бидат донирани за лекување 18-годишниот Леонид Индов кој се наоѓа во болница во Виена.
За лекувањето на Индов се потребни 140 илјади евра, а сите граѓани можат да донираат преку телефонските броеви 143-118 (Т-Мобиле) и 143-500 (А1).
Федерацијата во текот на денов соопшти дека се продадени сите влезници што беа пуштени во продажнба.


