На околу седум минути пред крајот на денешниот меч со Естонија, Ненад Димитријевиќ се фати за ногата и во тешка болка легна на паркетот во Кале.
Мораше да му се укаже лекарска помош, па на рацете на соиграчите, кошаркарот на Уникс замина на клупата. Шокот кај сите присутни беше голем иако неколку минути подоцна Димитријевиќ, сепак, се врати во игра и го доврши мечот.
На прес-конференцијата по натпреварот, Нено откри дека станува збор само за грч каков што не почувствувал досега и тоа е позитивна вест пред натпреварот против Полска што се игра в понеделник.


