По еднонеделната пауза во НБА лигата поради Ол стар викендот, Никола Јокиќ одигра два фантастична меча и оствари трипл дабл на двата.
Ноќеска беше најзаслужен за триумфот на Денвер против Портланд со 127-112, постигнувајќии 29 поени, 15 скока и 14 асистенции за 17. трипл дабл во сезоната. Веќе во првото полувреме беше на само три асистенции до трипл дабл, но веќе пред крајот на третиот период дојде до него. Пред Ол стар викендот, Денвер беше во серија од три порази, но сега славеше против Вашингтон и Портланд и се врати во игра за првото место во Западната конференција.
Покрај Јокиќ, се истакна уште Портер кој постигна 34 поени и 12 скока. Во екипата на Портланд, Грант постигна 25 поени, а Ејтон оствари дабл дабл со 22 поена и 10 скока.
Денвер е на четвртата позиција на Западот, но со само една победа помалку од лидерот Оклахома Сити. Портланд само ревијално ќе го доигра основниот дел од сезоната бидејќи е со само 15 победи и без никакви шанси да дотурка до плејофот.
РЕЗУЛТАТИ
Атланта – Торонто 121-123
Филаделфија – Кливленд 104-97
Хјустон – Феникс 114-110
Мемфис – ЛА Клиперс 95-101
Њу Орлеанс – Мајами 95-106
Оклахома – Вашингтон 147-106
Голден стејт – Шарлот 97-84
Минесота – Милвоки 107-112
Портланд – Денвер 112-127
ЛА Лејкерс – Сан Антонио 123-118


