Македонската репрезентација утре игра против Полска во квалификациите за Европското првенство, а противникот ќе биде драстично со неиграњето на најголемата ѕвезда во тимот.
Жељко Обрадовиќ ги повикал назад сите кошаркари кои имаа репрезентативни обврски овие денови, вклучувајќи го и Матеуш Понитка кој играше за Полска во дуелот со Литванија во четвртокот. Играчот на Партизан на тој меч помина речиси 35 минути во игра и постигна 13 поени. Понитка е еден од двајцата евролигашки кошаркари во полската селекција, заедно со Александар Балчеровски кој би требало да биде во тимот за утрешниот меч.
Покрај Понитка, повлечени се и Бруно Кабокло од бразилската, Зек Ледеј од азербејџанската и Џејлин Смит од хрватската репрезентација, но не и домашните играчи кои се уште му се на располагање на селекторот на Србија, Светислав Пешиќ.


