Долгото чекање на португалската репрезентација заврши откако оваа селекција вечерва ја победи Украина со 79-77.
Тоа е прва победа во квалиифкациски натпревар за Португалија по пауза од над седум години, односно по 17 септември 2016 кога ја победи Белорусија во обидот да се пласира на Еуробаскетот во 2017. Оттогаш поминаа точно 2.717 дена, а единствен преостанат од таа селекција е капитенот Мигел Квеироз кој денеска беше најефикасен со 21 поен.
По првите два натпревара од квалификациите, Португалија има биланс 1/1 во групата А, додека Украина се уште ја очекува првата победа. Во истата група се наоѓаат уште репрезентациите на Словенија и Израел.


