Натпреварот меѓу Аргентина и Чиле во рамките на квалификациите за првенството на Америка го одбележа една исклучително чудна сцена.
Пет минути по почетокот на мечот, играта беше прекината затоа што на теренот влета куче со топка во забите, додека во напад беше аргентинската репрезентација. Малку недостасуваше да дојде до несреќа бидејќи Леанрдо Болмаро во последен момент го забележа кучето и едвај избегна судир со него кој можеше да заврши и со повреда.
По неколкуминутно бркање, кучето некако го напушти теренот и играта можеше да продолжи.


