Македонската репрезентација одигра извонредно прво полувреме на гостувањето во Полска и има одличен резултат по 20 минути игра.
Кошаркарите на Александар Јончевски водат со 47-38 во полувремето во кое на моменти имаа и +13. Одлично функционира одбраната, а во полската репрезентација расположени за игра се само Михалак и Соколовски кои постигнаа три четвртини од вкупниот број поени.
Ненад Димитријевиќ игра одлично за Македонија, веќе е на бројката од 19 поени, Итан Хап постигна 10 поени и 5 скока, но честитки заслужуваат сите кои се појавија на теренот. Проблем е само повредата на Војдан Стојановски кој играше само една минута.


