Итан Хап повторно одигра на високо ниво во дресот на македонската репрезентација и беше еден од најдобрите играчи во тимот на дуелот со Полска.
Како и против Естонија, имаше импресивни бројки зад себе, оствари индекс 31 и потврди дека е големо засилување за Македонија. И покрај тоа, кошаркарот на Гран Канарија призна дека е воодушевен од она што го покажа Ненад Димитријевиќ на денешниот меч.
„Селекторот одлично не подготви за натпреварот, особено кога противникот ја менуваше одбраната. Кога имаш плејмејкер како Нено, само треба да му ја дадеш топката и да уживаш, импресивно беше да се гледа.
Како што рече селекторот, секој што се појави на паркетот има удел за денешната победа и заслужува честитки“, рече Хап.


