Нешто повеќе од една година, Леброн Џејмс е најдобар стрелец на сите времиња во НБА, а наскоро може да дојде до уште едно големо остварување во кариерата.
До моментов, суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс има 39.926 поени и му недостасуваат уште 74 за да стане прв во историјата кој ја надминал магичната граница од 40.000. Многу веројатно тоа ќе се случи на почетокот на март бидејќи во февруари, за Лејкерс остануваат само уште два меча и тоа утрешниот против Лос Анџелес Клиперс и потоа против Вашингтон на 29 февруари.
Ако остане на својот просек оваа сезона кој изнесува 25 поени по натпревар, Леброн ќе ја достигне магичната бројка на 2 март против шампионот Денвер Нагетс на домашен терен.


