Завршниот турнир од Купот на Македонија во женска конкуренција ќе се одржи на 2 и 3 март во СРЦ Кале во Скопје.
На него ќе учествуваат најдобрите четири екипи по првите 14 кола од Првата А женска кошаркарска лига. Титулата ја брани МЗТ Скопје кој лани првпат во својата историја го крена победничкиот пехар во ова натпреварување.
Во полуфиналето, аеродромки ќе се сретнат со Вардар, додека другата двојка ја сочинуваат Крива Паланка и Баскет Кам.


