На еден ден пред крајот на преодниот рок, Гостивар го отпушти Кенет Џонс и на негово место го донесе Колин Слејтер.
Новиот играч на гостиварци, во досегашниот дел од сезоната настапуваше за Кожув и беше еден од подобрите во тимот, но не ја преживеа „сечата“ во која „настрадаа“ сите странски кошаркари. Во дресот на гевгелискиот тим, Слејтер просечно постигнуваше по 12 поени, 3,3 асистенции и 3 скока со индекс 11,2, а одигра 16 натпревари.
Гостивар го очекува тешка битка за опстанок во последните пет кола бидејќи се наоѓа на осмата позиција, но со само една победа повеќе од деветтопласираната Академија ФМП. На тимот на Јорданчо Давитков му се потребни му се потребни најмалку два триумфира за да се пласира во плејофот и со тоа да ја избегне борбата за опстанок, односно учеството во плејаутот.
Во овие пет кола, гостиварци играат со три ривали за опстанок: Академија ФМП на гости и Вардар и Кожув на домашен терен. Можно е во овие пет меча да го нема Максим Митевски кој се повреди на дуелот со Феникс и ќе отсустува извесен период. Не е исклучено за него сезоната да е завршена иако веќе три недели е на рехабилитација.


